Европските и азиските земји воведуваат рестрикции за патувања од ЈАР поради новата варијанта коронавирус

Од:

Европските и азиските земји денеска ги заострија ограничувања за патување, откако во Јужноафриканската република (ЈАР) беше откриена нова варијанта на коронавирусот со најголем број мутации досега, но сè уште не е познато дали е поопасна од претходните соеви.

Велика Британија, Германија, Израел Сингапур и Јапонија се меѓу оние кои веднаш иницираа забрана за летови од ЈАР и соседните земји. ЕУ предлага да се забранат летовите од тој регион во целата Унија.Сепак СЗО, по денешната итна седница оцени дека препораките за воведување рестрикции при патувањата се избрзани.

Велика Британија веднаш воведе забрана за директни летови од шест африкански земји. Британците и другите патници кои се враќаат од ЈАР, Боцвана, Намибија, Зимбабве и Лесото ќе мора да поминат десетдневен карантин пред да влезат во земјата. Истата забрана ја воведе и Израел.

Јужноафриканското Министерство за надворешни работи смета дека ова е преизбрзана одлука и потсети дека Светската здравствена организација се уште нема дадено никакви насоки во однос на новата варијанта. Би-Би-Си ја пренесува изјавата на биологот од Универзитетот Оксфорд, Џејмс Нејсмит, кој рече дека вакцините „речиси сигурно“ ќе бидат помалку ефикасни против новата варијанта.

Германските власти денеска објавија ограничувања на летовите од Јужна Африка, поради стравувањата од новата варијанта. Според ограничувањата за патување, само германските граѓани ќе можат да се вратат дома од ЈАР. Соседите на ЈАР, исто така, веројатно ќе бидат погодени од забраната.

Европската комисија денеска соопшти дека ќе го ограничи воздушниот сообраќај од ЈАР поради страв од ширење на инфекцијата. Претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен на Твитер објави дека Комисијата ќе предложи, во координација со земјите-членки, активирање на вознредни овластувања за запирање на воздушниот сообраќај од јужноафриканскиот регион поради страв од ширење на коронавирусот, варијантата Б.1.1.529.

Светската здравствена организација (СЗО) го означи сојот како „набљудувана варијанта“. Марија Ван Керхова, технички менаџер на СЗО за Ковид-19, рече дека досега им се достапни помалку од 100 секвенцигеноми од споменатата варијанта. Ќе бидат потребни неколку недели за да се одлучи дали Б.1.1.529 ќе стане „варијанта од интерес“ или „варијанта која предизвикува загриженост“, а за денеска се очекува да добие грчко име како што беше случај со делта варијантата.

СЗО препорачува да не се ограничуваат патувањата поради новата варијанта, соопшти денеска Организацијата по итната седница, свикана поради новиот, поопасен сој.

– СЗО им препорачува на земјите да продолжат да ги применуваат пристап темелен врз проценка на ризикот и науката во спроведување на мерките за патување, изјави денеска во Женева Кристијан Линдмаер.

Би можело да ве интересира

Од почетокот на годината, смртноста од Ковид-19 е намалена за 95 отсто

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски

Папа Франциск: За време на пандемијата и војната во Украина, ОН ги покажаа своите ограничувања

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

Еден од осум луѓе кои страдаат од коронавирус развива најмалку еден симптом на долгорочен ковид

Катерина Ѓуровски

Коронавирусот е направен во лабораторија тврди руското Министерство за одбрана