Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид 19, во период од 6 август заклучно со 25 ноември 2021 година. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.
Во период од 06.08 до 25.11.2021 на територија на државата 58.276 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид 19, од нив 31% биле целосно вакцинирани, односно 17.896 лица.
Според статистика за изминативе месеци, 40.380, граѓани, односно 69% од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани. Од 468 моментално хоспитализирани пациенти, 91 се целосно вакцинирани.
Во период од 6.08 до 25.11.2021 на територија на државата починале 1.986 пациенти со Ковид 19, 1.571 пациенти од починатите, односно 79% не биле вакцинирани, а 21%, односно 415 примиле вакцина.
Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас.