Нов проект на Општина Илинден „Прашајте го вашиот градоначалник“

Од:

Со цел поголема транспарентност, подобрена комуникација и интерактивност, квалитетна услуга и информираност Општина Илинден го реализира проектот „Прашајте го вашиот градоначалник“.

Со новата алатка која е постирана на веб страницата на Општина Илинден „Прашајте го вашиот градоначалник“ директно може да поставите прашање до градоначалникот Жика Стојановски за својот конкретен проблем, идеа или предлог проекти, како и нова иницијатива.

Постапката е едноставна и лесна, појаснуваат од општина Илинден, само со внесување на вашето име и презиме, како и маил адреса и ќе добиете одговор на бараното прашањето.

– Јакнењето и поддршката на процесите на јавно и транспарентно работење, информирање и обезбедување пристап на граѓаните во одлучувањето, и натаму ќе претставуваат трајна определба на Општина Илинден во создавањето на ефикасна, ефективна и транспарентна Локална самоуправа во согласност со очекувањата и потребите на граѓаните, стои во соопштението од Општина Илинден.

Би можело да ве интересира

Државна делегација предводена од потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска во манастирот Прохор Пчински

Сиљановска-Давкова од Мечкин Камен: Македонската држава не е стебло без корен, таа е вкоренета во демократските и хумани визии на Гоце Делчев и неговите соборци

Одбележување на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Илинден нека обединува и потсетува каква држава треба да оставиме на генерациите по нас

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

Предраг Петровиќ

Бендевска наместо Гаши на Пелинце и во Прохор Пчински за Илинден

Катерина Ѓуровски