Актерката Бранкица Катиќ, која подолго време живее и работи во странство, своето враќање во домашната кинематографија го дочека во новиот филм на Душан Ковачевиќ „Не е лошо да се биде маж“.
По долго време, Катиќ во главната женска улога се враќа на српската кинематографија, по кариерата во англиската и американската продукција.
„Секогаш е убаво кога доаѓаш дома, работиш со луѓе што ги почитуваш и ги познаваш и кога глумиш на свој јазик. Особено ако на филмот работи и Душко Ковачевиќ“, вели Бранка Катиќ.
Таа на новинарите им призна дека е нервозна, но дека уживала во доброто друштво и целиот процес, а во оваа прилика се осврна на својот драг колега Милан Ланет Гутовиќ, кого српскиот театар прерано го загуби.
„Морам да кажам дека сум пресреќна што го снимавме овој филм со Ланет. Имаше мала, но убава улога, но не помина ниту еден ден на снимањето да не не насмее“, ни изјави Бранкица Катиќ.
Како што изјави продуцентот на филмот Мирослав Миша Могоровиќ од куќата „Арт и Попкорн“, преговорите со Бранка траеле додека таа живеела уште во Лондон.
„Чест ми е што го снимам филмот по сценарио и во режија на нашиот почитуван писател Душан Ковачевиќ. „Мојата улога овде е некако „најнормална“ во споредба со сите други, така да ја дефинирам, да бидам поинаква“, низ смеа изјави актерката.