Вучиќ по средбата со Путин: Добивме неверојатна цена за гасот

Од:

Србија доби неверојатна цена за гасот, изјави претседателот на Србија Александар Вучиќ по денешната средба со рускиот претседател Владимир Путин.

„Добивме неверојатна цена од 270 долари во следните 6 месеци, за да не ни се промени цената, добивме зголемување на количината на плин за тие 6 месеци, флексибилност. Бајатовиќ буквално скокна од радост, затоа што мислеше беше невозможно да се постигне“, рече Вучиќ.

Заштедивме повеќе од 300 милиони евра, изјави претседателот на Србија.

„Зачувавме еден национален стадион, но обезбедивме и безбедност на снабдувањето на нашиот народ“, нагласи тој.

Тој истакна и дека нема право да зборува за елементите додека не се потпише долгорочен договор.

„Очекувам голем настан на кој ќе учествуваме јас и Путин – отворање на термоцентралата и топланата Панчево, што ни дава значителен ресурс за греење и производство на електрична енергија“, најави тој.

Според Вучиќ, се разговарало и за енергетската безбедност.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска на почетокот на средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ во Сочи изјави дека Москва и Белград ќе најдат прифатливо решение за условите од новиот договор за испорака на гас за Србија.

„Мислам дека ќе се договориме, ќе им наредиме на соодветните тела да ја завршат работата. Ќе најдеме такво решение што би било прифатливо за нашите српски партнери“, рече Путин.

Путин рече дека Русија очекува српската премиерка Ана Брнабиќ да ја посети Москва во декември.

Зборувајќи за трговијата, Путин рече дека до крајот на 2021 година, Москва и Белград не само што ќе го надминат падот на трговијата предизвикан од пандемијата, туку и ќе го зголемат обемот на меѓусебната размена.

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он