Возеле со над 70 километри на час повеќе од дозволеното, казнети 13 возачи во Тетовско

Од:

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се казнети 13 возачи кои возеле со брзина од над 70 километри на час над дозволеното.

„Денеска (25.11.2021) од 08.00 до 14.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола на брзината со која се движат возилата. При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 106 возачи кои ја пречекориле максимално дозволената брзина (ТЕ-76 и ГВ-30) надвор од населено место, претежно на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје. Од нив 13 возачи (ТЕ-5 и ГВ-8) ја пречекориле брзината за над 70 километри на час повеќе од дозволеното, а 58 возачи (ТЕ-36 и ГВ-22) за повеќе од 50 километри на час над дозволеното.

Покрај ова, санкционирани се и 60 возачи (ТЕ-40 и ГВ-20) што се движеле со поголема брзина од дозволената во населено место. Двајца од санкционираните (ТЕ) возеле со над 50 километри час повеќе од дозволеното, а откриени се и 6 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-3 и ГВ-3)“, информираат од МВР.

Би можело да ве интересира

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер

Горан Наумовски

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

Тетовец е тешко повреден, чичко му ненамерно го прегазил со возило