ЕУ сака сама да го контролира буџетот

Од:

Европската унија сака да има „свој“ јавен обвинител кој исклучиво ќе се занимава со случаи поврзани со измами на пари од европскиот буџет, јави радиото „Дојче веле“.

Од 130 милијари евра заеднички средства, секоја година исчезнуваат околу пола милијарда, што покажува дека и ЕУ има проблем со корупцијата, измамата и криминалот.

Така е и со обновувањето и изградбата на автопатот во Калабриј, во 2011 година, при што за договори и работи беа потрошени 388 милиони евра, кои беа издвоени од европските средства за помош.

Најчестите примери на злоупотреба на пари од буџетото на ЕУ се однесува на финансирање на земјоделството и регионалните развојни проекти.

Европската комисија се залага за нулта толеранција кон злоупотребата на заедничкиот европски буџет. Во тој контекст е и предлогот за формирање уред на европскиот јавен обвинител.

-Јавните финансии се под притисок на цела Европа и секое евро се пресметува-порача потпретседателката на ЕК, комесарката за правда, Вивиана Рединг.

Според неа државите членки годишно пријавуваат измама во износ од околу 500 милиони евра, а реалната сума е значително поголема.

Со новото тело, Канцеларијата на европскиот јавен обвинител, би требало првенствено да се заштити европскиот буџет.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Експлодираше воз: Наредена итна евакуација

Филипче: Мицкоски има обврска пред граѓаните и пратениците да го каже планот за евроинтеграцијата на Македонија

Предраг Петровиќ

Со предавање за Европската конвенција за човекови права започна Школата за јавни политики „Мајка Тереза“

Мицкоски: Владата никогаш нема да отстапи од членството во ЕУ, но без дополнителни понижувања и отстапки

Предраг Петровиќ

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени