Опозицискиот лидер на Камбоџа, Сам Раинси се врати од егзил

Од:

Илјадници приврзаници денеска го пречекаа опозицискиот лидер на Камбоџа, Сам Раинси по враќањето од егзил за да ја предводи предизборната кампања против партијата на долгогодишниот премиер Хун Сен.

– Се вратив дома за да ја спасам земјата, истакна Раиниси пред насобраниот народ на аеродромот во Пном Пен.

Кралот на Камбоџа, Нород Сихамон, на предлог на премиерот Сам Раиниси, одобри враќање на опозицискиот лидер во татковината пред парламентарните избори, што се закажани на 28 јули.

Раинси, кој се школувал во Франција, и е претседател на Партијата за национален спас на Камбоџа, од 2009 година живееше во егзил за да ја избегне 11-годишната затворска казна, која за многумина беше политички мотивирана.

Со помилувањето Раиниси може да се вклучи во предизборната кампања, но тој не може да се кандидира.

Премиерот Хун Сен побара помилување на Раиниси откако САД и другите земји соопштија дека исклучувањето на опозицискитот лидер од изборите на 28 јули го доведува во прашање легитимитетот на изборите.

Се предвудива дека Хун Сен и по овие избори ќе остане на власт. Тој 28 години е премиер на Камбоџа и претходно најави дека ќе остане на функција се додека не наполни 74 години. Тој претходно тврдеше дека ќе ја извршува премиерската функција до 90 години.

Опозицијата тврди дека изборите нема да се слободни и фер бидејќи режимот на Хун Сен манипулира со изборниот закон, а правните органи дозволуваат неправилности и апсење на опозиционерите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Во експлозија во воена база во Камбоџа загинаа 20 војници

Девојче во Камбоџа почина од птичји грип, прв случај по 9 години

Ана Ололовска

Најмалку 19 загинати во пожарот во казино во хотел во Камбоџа

А1он

ВИДЕО: Огромен пожар во хотел во Камбоџа, луѓето скокаа од прозорците, најмалку 10 мртви

Ана Ололовска

Најмалку деветмина ученици се удавија при превртување на брод во Камбоџа

А1он

Меѓународната трговија на Камбоџа се зголеми на 37 милијарди долари од јануари до август

Ана Ололовска