Две лица повредени при пукање во скопски Бутел

Од:

Едно лице се здоби со повреди на десната нога, а друго со расекотини по лицето, откако попладнево на паркинг во Скопје било пукано во колата во која се наоѓале, информираа од Министерството за внатрешни работи.

-Според првичните информации денеска околу 16:40 пријавено е дека на паркингот на ОУ „Живко Брајковски“ на улица „Хо Ши Мин“, каде претходно било паркирано патничко возило „рено“ со скопски регистерски таблички, во кое биле лицата М.А. и А.У.(34), по кажување на М.А., од страна на М.Б. било пукано кон возилото. Со повреди на десната нога се здобил М.А., а лекарска помош му е укажана во ГОБ Св.Наум Охридски. Исто така, А.У. се здобил со повреди- расекотини по лицето, наведуваат од МВР.

Како што дополнуваат од МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Го лажел дека ќе му ја лекува сопругата во странство: му зел 88 илјади евра, жената починала

Лажни се дојавите за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје

(ВИДЕО) За да се избегнат грешки при испраќање на казните од „Безбеден град“, возачите ќе добиваат код

ФБИ му дојавил на МВР: Во Голема Речица уапсени двајца за нелегален онлајн пазар со промет од пола милион долари

80-годишник загина поправајќи трактор

Му се слошило додка возел на патот Кичево-Демир Хисар, излетал од патот и починал