Казнен налог за уништување на јавни инсталации

Од:

Основното јавно обвинителство – Гостивар поднесе предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело „уништување или оштетување јавни инсталации“ од член 291 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, информираат од ОЈО Гостивар.

– Обвинетиот, на 9 август, управувајќи товарно моторно возило МАН, растоварал огревни дрва пред куќа во село Врапчиште, па зафатил и скинал проводници во сопственост на ЕВН Македонија АД Скопје. Со ова предизвикал прекин на снабдувањето со електрична енергија на околу 30 куќи во селото и значително го нарушил редовниот живот на жителите, додека на ЕВН Македонија и била нанесена штета од околу 20 илјади денари, велат од гостиварското Обвинителство.

Би можело да ве интересира

Малолетник од Гостивар осомничен за силување на својата помала сестра

Горан Наумовски

Истрагата откри: Гостиварец си го уби својот татко, па се обиде да ги уништи трагите

Четворица нови обвинители во Обвинителството за организиран криминал и корупција

Савески: Секој предмет ќе добие институционален епилог

ОЈО: Поднесено е обвинение за примање награда против Фехми Стафа

Обвинителството започна истрага против скопјанец кој со пиштол се обиде да си ја убие сопругата