Де Лихт: Многу ни е важно да сме први во групата во ЛШ

Од:

Фудбалерот на Јувентус, Матијас де Лихт ги сподели своите очекувања за натпреварот од Лигата на шампионите против Челзи.

– Играњето на „Стемфорд Бриџ“ е она што го очекувате со нетрпение. Утре треба да бидеме компактни. Челзи е тим кој игра добро во транзиција. Ќе биде тежок натпревар, но треба да останеме смирени. Имаме добри играчи како Алваро Мората или Федерико Киеза. Се надеваме дека ќе го заземеме првото место во групата, ова е многу важно за нас. Сонувам да ја освојам Лигата на шампионите во дресот на Јувентус. Се подобруваме со секој натпревар и мора да продолжиме во истиот дух. Сега имаме поинаков став. Ни треба стабилност и ја бараме. Лукаку е одличен играч кој ја прави разликата. Но, и без него, Челзи останува еден од најсилните тимови во Европа. Првиот натпревар беше добар и за мене и за тимот. Игравме зрело и страсно во исто време, изјави Де Лихт.

Натпреварот Челзи – Јувентус ќе се одигра на утре со почеток во 21 часот.

По четири кола во Х-групата, Јувенѕус е прв со максимални 12 бода, Челзи е втор со девет, Зенит има три, Малме е последен без освоен бод.

Би можело да ве интересира

Јувентус е заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал

Јувентус на „пазарот на незадоволните“ – Лука Јовиќ прв на листата

Дебакл на Јувентус – Влаховиќ промаши пенал

Предраг Петровиќ

Јувентус бара замена за Душан Влаховиќ

Предраг Петровиќ

За Милан против Јувентус ќе брани 41 годишен голман

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО )Навивачите на Јувентус упаднаа на теренот со порака: Не го сакаме Лукаку

Предраг Петровиќ