Арсовска: Најмалку еднаш месечно ќе се состанува Координативното тело на градоначалници на Град Скопје

Од:

Најмалку еднаш месечно, а по потреба и повеќе пати ќе се состанува Координативното тело на градоначалници на Град Скопје со цел да се изнајдат решенија за проблемите на граѓаните, најавува градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

Координативното тело денеска се состана, а на него десетте градоначалници на скопските општини и градоначалничката на Град Скопје разговараа за тоа како да се координираат активностите во општините за да има побрза реакција на барањата на граѓаните. Како што информираа од Град Скопје, на состанокот е разговарано и за спроведување на акција за чистење на депониите.

– Првпат после долг период заседаваше Координативното тело на градоначалници на Градот Скопје што изминатиот период беше изоставено како пракса од страна на претходниот градоначалник. Координативното тело ќе се свикува согласно Закон најмалку еднаш месечно, а по потреба и повеќе пати со главна цел изнаоѓање на конкретни решенија за проблемите што граѓаните ги сметаат за приоритетни, истакнала Арсовска на состанокот.

Договорено е до следниот состанок да се изготви акциски план со конкретни рокови и да се започне со нивна реализација, а со секоја координација да се надополнува планот соодветно на состојбите на терен. Во меѓувреме, ќе се направи и план за отворање на расправа за Генералниот урбанистички план и ставање на функција на Зелениот совет на град Скопје.

– Непоходно е да соработуваме сите за да имаме побрзо решавање на проблемите. Некои од нив се поврзани меѓу општините, затоа е неопходна координација и заеднички активности. Само со меѓусебна соработка ќе постигнеме брзи решенија, истакнала Арсовска.

Координативното тело на градоначалници под Градот Скопје согласно закон, делува во интерес на граѓаните, а на седниците се разгледуваат прашања од заеднички интерес на општините и се изнаоѓаат решенија.

Би можело да ве интересира

Арсовска: Мицкоски несреќо, на кого се закануваш?

А1он

ВИДЕО: Скопје се дави во ѓубре, Герасимовски бара итна седница на ЗЕЛС

Мециновиќ: Надежта ќе ја претвориме во реалност, Скопје се разбуди

А1он

Мециновиќ ќе бара ревизија на сите стари договори: Скопје мора да стане град што им служи на луѓето, не на партиите

Предраг Петровиќ

Да победиме во Скопје и да ги решаваме многуте работи во градот, пред се должничко-доверителни односи, вели Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Марковска Илиевска: Стевчо вети катни гаражи, ама не направи ниту една, сега пак ги ветува истите