Самарас: Решавањето на прашањето за името е прашање на политичка волја

Од:

Решавањето на прашањето во врска со официјалното име на поранешната југословенска Република Македонија (ПЈРМ) е повеќе прашање на политичка волја, отколку на процес, напиша грчкиот премиер Андонис Самарас во одговорот на писмото од шефот на македонската Влада Никола Груевски.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, грчките медиуми дури вечерва објавија делови од писмото, додека кабинетот на Самарас и на неговиот портпарол Симос Кедикоглу се уште молчат.

Во врска со поканата за директна средба меѓу премиерите на двете земји, Самарас вели дека „тековниот процес на решавање на прашањето, под покровителство на Обединетите Нации, има целосна поддршка од Грција и фактот дека проблемот остана нерешен 18 години очигледно ги зголемува сомнежите дали посветеноста на ПЈРМ кон процесот на специјалниот претставник на ОН Метју Нимиц процес е реална или привидна“.

Според Самарас, предлогот на Груевски да се формираат две нови преговарачки групи со политички мандат, не нудат „дополнителна вредност“ на постоечкиот процес.

– Нашиот претставник во преговорите, амбасадорот Василакис има целосен политички мандат за конструктивна соработка со амбасадорот, господинот Нимиц и неговиот колега од вашата земја, со цел да се најде решение. Ако и двете вклучени страни покажеа иста политичка волја, иста политичка храброст и иста желба да се реши, ова прашање ќе беше решено одамна. Меѓутоа, суштината е очигледно на друго место. Прашањето што треба да се одговори е дали постои вистинска посветеност или само привидна кон процесот кој трае речиси две децении, пишува Самарас.

Грчкиот премиер во писмото не пропушта да го спомне и Меморандумот за разбирање кој Грција и го испрати на Македонија „чие потпишување не само што ќе го забрзаше решението, туку ќе придонесеше и за значајни промени во билатералните и пошироките односи“.

Би можело да ве интересира

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски