Затвореник од Идризово донесен починат на Токсикологија

Од:

49-годишен затвореник од КПУ „Идризово“ бил донесен починат на одделoт токсикологија во комплексот клиники „Мајка Тереза“, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Вчера во 15.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ на Одделот за токсикологија бил донесен починат Ј.Х.(49) од Кичево, затвореник од КПУ Идризово.

Според пријавеното од вработените во КПУ Идризово, на Ј.Х. му се слошило и на пат кон здравствената установа починал.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.

Би можело да ве интересира

Кривична за вработена во Министерството за здравство: не направила контрола во фирма за производство на медицински канабис

Пукање од автомобил во скопски Центар

Се запали автомобил во движење, возачот се здоби со изгореници

Катерина Ѓуровски

Четириесетгодишен скопјанец пронајден починат во стан во Аеродром

Катерина Ѓуровски

Тинејџер избоде 14-годишник во Сарај

Жена загина во сообраќајна несреќа кај Струмица