Да се реши билатералниот спор меѓу Софија и Скопје за да може Северна Македонија да ги почне преговорите со Европската унија до крајот на годината. Такво барање упатија конгресмени од Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на САД до бугарскиот амбасадор во Вашингтон.
-Се надеваме дека ќе ги ставите разликите настрана и ќе поддржите целосна политичка интеграција на Северна Македонија и Албанија во Европската Унија, се вели во писмото на двопартиската конгресна група до амбасадорот Тихомир Стојчев.
Today my colleagues and I sent a letter to the Bulgarian Ambassador to the US, Tihomir Stoytchev, urging #Bulgaria to find a resolution to the dispute that is preventing #NorthMacedonia and #Albania from starting #EU accession talks. Read our letter: @EmbassyBGinUSA @EUintheUS pic.twitter.com/uIOTBeXTWz
— Congressman Bill Keating (@USRepKeating) November 18, 2021
Покрај тоа што Северна Македонија и Албанија ги исполнија условите да ги почнат пристапните преговори со Европската Унија, се наведува во писмото, останува спорот меѓу вашата држава и Северна Македонија, што ги спречува Албанија и Северна Македонија да ги почнат тие разговори. Според нив, натамошното одложување на прогресот на Скопје и Тирана кон ЕУ ќе фрли сомнеж врз заложбите на западните лидери и ќе отвори врата за антизападни политички влијанија во регионот, конкретно од Кина и од Русија.
-Веруваме дека евентуалното членство на Северна Македонија и Албанија во ЕУ е од клучно значење за долгогодишен мир и стабилност на регионот на Западен Балкан и за целата трансатлантска заедница, се посочува во писмото од американските конгресмени.