Од понеделник ќе биде донесена конечната одлука за новите рестриктивни мерки, реакции од синдикатите

Од:

Предлог-мерките на Комисијата за заразни болести со кои се бара вработените во јавниот сектор на работното место да приложат сертификат за вакцинација, негативен ПЦР тест со важност од 72 часа кој ќе го прават на нивни трошок или сертификат за прележан ковид се уште ја бранува јавноста.

Надлежните здравствени власти остануваат на ставот дека овие мерки треба да се применуваат, додека синдикатите сметаат дека тестирањето не треба да биде на трошок на вработените.

За предлог-мерките, како што најави министерот за здравство Венко Филипче, ќе се разговара во понеделник на седница на Главниот кризен штаб, а потоа и на Влада.

Во периодот од 6 август до завчера вкупно на ниво на држава, 53.682 граѓани биле позитивни на Ковид-19 од кои 69 отсто или 36.980 граѓани биле невакцинирани, а 31 отсто или 16.702 лица вакцинирани покажува анализата на Министерството за здравство. Од моментално хоспитализираните 534 пациенти, 123 биле целосно вакцинирани, додека останатите се невакцинирани. Од вкупниот број починати, 80 проценти биле невакцинирани, а 20 отсто вакцинирани.

Синдикатите генерално не се согласуваат со мерките што ги предлага Комисијата за заразни болести. Сметаат дека тестирањето не смее да биде на трошок на вработените и дека преку едукативни кампањи треба да се подигне свеста за бенефитите од вакцинирањето. По реакциите на Сојузот на синдикати на Македонија и Конфедерацијата н слободни синдикати, реагираше и Синдикатот на културата од каде велат дека вакцинирањето треба да биде личен избор. За нив е неприфатливо трошокот на ПЦР тестирањето да биде на трошок на вработените имајќи предвид дека платите кај поголем дел од вработените се движат под просекот.

Инаку, вчера податоците што редовно ги објавува Министерството за здравство за бројот за новозаболени и починати покажува дека се регистрирани нови 444 позитивни на Ковид-19 од направени 2938 тестирања. Оздравени се 467 пациенти, а починати 11 лица. Дополнително евидентирани се уште пет починати лица, со датум на смрт од 9 до 16 ноември.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски