Откриени 39 илегални мигранти од Блискиот Исток во полициска акција над селата Лојане и Ваксинце

Од:

Во координирана полициска акција на локации над селата Лојане и Ваксинце, во месноста викана Топтел, над Кота Шорта, денеска биле пронајдени 39 илегални мигранти од Блискиот Исток, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Акцијата, како што информираат од МВР, е спроведена во раните утрински часови, врз основа на наредба издадена од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а во координација на Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе – Сектор за криминалистички истраги, при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во содејство со Одделот за специјални и посебни операции – Единица за брзо распоредување, Полициска станица за граничен надзор „Сопот“ при Регионален центар за гранични работи „Север“.

По расчистување и документирање на случајот, во содејство со надлежниот Јавен обвинител за ГОКК, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

Администрацијата на Трамп депортира речиси 13.000 мигранти во Мексико

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен