По повод 700 години од смртта на големиот италијански поет Данте Алигиери во Националаната опера и балет, вечер со почеток од 20 часот ќе биде изведена операта „Дрдорењата на Лапо“ на композиторот Џо Скитино.
Операта е истовремено традиционална и современа, бидејќи обработува теми и настани од време кое се случило пред 700 години, но кои и денес се актуелни, се работи за заплети поврзани со пријателството, политиката и предавството. Посветена е на Данте Алигиери и на неговиот пријател кој исто така бил врвен поет и значаен човек. Како современици и пријатели тие имале улога во тогашниот политички живот, а таа нивна политичка определеност понатаму ќе предивика и нивно разделување. Дејствието се случува во Фиренца каде двајцата живееле и твореле.
На прес-конференцијата по повод изведбата на операта „Дрдорењата на Лапо“ композиторот на операта Џо Скитино истакна дека музиката ги обединува луѓето и генерира култура, љубов и мир, а тоа како што посочи се многу важни елементи во музиката.
-Благодарен сум што Македонија му посветува големо внимание на Данте. Операта ја компонирав за време нÐ ° пандемијата и ја направив така да може да биде изведена со намален состав на оркестарот и со малку изведувачи, но со максимален ефект. Тие малкумина изведувачи постигнуваат многу разновидни аспекти. Се работи за комплексно дело кое бара вируозност, не е составена од поединечни песни, туку е еден контиинуирана целина во која се менуваат атмосферите од конфликтни до комични , изјави Скитино.
Директорот на Националата опера и балет Васо Ристов пак, потенцира дека делото за првпат ќе биде изведено надвор од границите на Република Италија.
-Културната соработка е правилен избор кој може да го направи една установа по иницијатива на амбасадорот на Република Италија во Северна Македонија. Националната опера и балет со големо задоволство ја прифати соработката за заедничка реализација на операта која е чин со кој одбележуваме битен светски јубилеј, 700 години од смртта на големиот поет Данте Алигиери. Како национална установа честа е уште поголема за реализација на дело кое по првпат ќе биде презентирано и изведено надвор од границите на Република Италија и пред македонската публика, рече Ристов.
Ооперата е последниот од низата настани посветени на неделата на италијанскиот јазик во светот.
Македонската премиера на операта „Дрдорењата на Лапо“ ќе биде под диригентската палка на Иван Еминовиќ, во изведба на тенорот Благој Нацоски (Данте), баритонот Џанпјеро Руџери (Лапо), а ќе учествува и хорот и оркестарот на Националната опера и балет. Режисер е Дејан Прошев.