(ВИДЕО) Ковачки: Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде на 12 декември во Скопје

Од:

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, вечерва изјави дека следниот конгрес на партијата ќе биде на 12 декември во Скопје.

„ИК на ВМРО-ДПМНЕ расправаше и за партиски прашања, при што го утврди датумот за претстојниот редовен конгрес кој ќе се одржи 12 декември во Скопје.

На овој конгрес ќе трасира патот на идното делување и политиките на ВМРО-ДПМНЕ во насока на нашите ветува за обезбедување на промени во општеството и нова иднина за сите луѓе на Македонија“, изјави Ковачки по вечерашната седница на Извршниот комитет на партијата.

„Извршниот комитет смета дека актуелната влада го загуби кредибилитетот од граѓаните, и волјата на народот е јасно изразена на последните избори кои СДСМ ги загуби со над 100.000 гласови разлика. ВМРО-ДПМНЕ победи во 42 општини плус градот Скопје, што преставува историски најдобар резултат на било која опозициона партија во Македонија. Тоа за нас преставува полна одговорност за оправдување на очекувањата на граѓаните и посветена работа на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ кои веќе започнаа со промените.

Резултатот од изборите е јасна порака дека народот бара промени во централната власт, народот е незадоволен од тешката економска криза, растечката инфлација, како и континуираните неуспеси и потфрлањето на планот на европските интеграции.

Оваа некредибилина влада се одржа единствено како резултат на киднапиран пратеник што е уште показател за хибридниот режим на Зоран Заев, наспроти волјата на граѓаните“, изјави Ковачки.

Тој вели дека непланското работење државата ја донело на работ на енергетска криза, чии последици се плаќаат од буџетот на граѓаните.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Инсталациите на СДС во правосудните органи, повторно одработуваат за услугата што се избрани

Левица: Дали пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денес ќе се охрабрат да поддржат надзорна расправа за Кочани?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мицевски: Колашинац не е било кој бизнисмен, со Филипче и браќата Заеви се журкаше во Дубаи

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче има повластен третман само затоа што е функционер и претседател на СДС?

Зошто обвинителството има различен третман во однос на поклонот на Мирчевски и поклонот Ауди Q8 од 130 000 евра на Филипче

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да се извини што лажеше за Кочани

А1он