Oбиди за нелегално изнесување на околу 28 илјади евра и 110 штеки цигари

Од:

На скопскиот аеродром „Александар Велики“ спречени се два обида на нелегално изнесување на 28.480 евра и 110 штеки цигари со македонски и косовски контролни маркички.

Парите се пронајдени кај двајца македонски државјани кои откако го чекирале багажот не пријавиле ништо кај царинските службеници. Но, при претресот кај едниот од нив пронајдени се 15.280 евра, а кај другиот 17.200 евра.

На лицата им се вратени по две илјади евра бидејќи согласно Законот за девизно работење слободно можат да се изнесат од државата девизни средства и чекови во оваа висина, а останатите пари се задржани. На сторителите им е понудена постапка за порамнување, а против нив е поведена и прекршочна постапка.

Во вториот случај, кај косовска државјанка која патувала за Лондон пронајдени се 111 штеки цигари „Marlboro Gold“ и „Muratti Ambassador blue“ со македонски и косовски контролни маркички. Цигарите се привремено задржани, а против жената е покрената соодветна постапка.
Царината информира дека во првите шест месеци од годинава спречени се 59 случаи на шверц на цигари на сите гранични премини во државата, при што се запленети 2.470 штеки цигари и 45 килограми режан тутун. Од нив, во јануари на скопскиот аеродром откриени се шест случаи на шверц на 783 штеки цигари од различни брендови кои требало нелегално да бидат пренесени и препродадени во Велика Британија каде вредноста на цигарите е скоро четирипати повисока од онаа во Македонија.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за Фрчкоски за злоупотреби во мисијата во Њујорк

Катерина Ѓуровски

Со лажни мејлови од познати компании извлекуваат лични податоци, предупредување од МВР

Кривична пријава против поранешен началник и помошник директор во МВР

А1он

МВР: Кривична за 38-годишен скопјанец кој со нож си ја уби невенчаната сопруга

Горан Наумовски

Кривични пријави против екс вработени во МВР за злоупотреба на службена положба и овластување

А1он

Возел со 2,28 промили алкохол во крвта, бегал од полицијата