Националната установа Центар за култура „Никола Јонков – Вапцаров” во Делчево и годинава ќе ја реализира литературно-поетската манифестацијата „Вапцарови бранувања” посветена на големиот револуционер и поет кој е патрон на установата.
Во рамки на настанот, како што информираше раководителот на Литературната дејност во установата, Љупчо Петровски, в петок ќе се одржи Интерактивна визија со авторката Милијана Павловска.
-Настанот е насловен „Патоказ кон иднината” и е во рамки на манифестацијата „Вапцарови бранувања” која е своевиден проект на Центарот за култура и се реализира со поддршка на Министерството за култура и годинава во услови на пандемија. Настанот е закажан за утре во Мултифункционалниот центар во Делчево, а во рамки на истиот со свои творби ќе.се претстават и млади поети и поетеси од Делчево, рече Петровски.
Авторката Милијана Павловска на јавноста и е позната како најчитана авторка во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во 2016 година, а досега има издадено 15 романи.
Во рамки на посетата на Делчево, Павловска ќе ја посети и делчевската библиотека Илинден, каде ќе промовира дел од своите изданија.