Сојуз на стопански комори на Македонија: Итно да се преземат чекори за справување со енергетската криза

Од:

Во услови кога со години нема сериозни инвестиции во енергетскиот сектор кои ќе ја обезбедат неговата стабилност неопходно е надлежните институции да ги преземат сите мерки со цел успешно справување со состојбите од енергетската криза, соопшти Сојузот на стопански комори на Македонија.

Стопанството две години се соочува со многубројните предизвици кои произлегоа од здравствено-економската криза, а кои бараат голема ангажираност за одржување на деловната активност на претпријатијата. На овие околности се надоврзува енергетска криза, проследена со пораст на цените на енергенсите, општ пораст на цените и висока стапка на инфлацијата. Енергетска криза е нов предизвик за претпријатијата, бидејќи ја нарушува нивната ликвидност, профитабилност и ја намалува нивната конкурентност. Последиците кои ги чувствуваат претпријатијата од економската криза се силно изразени, а Владата треба преку брзи и ефективни мерки да обезбеди итна поддршка за домаќинствата и претпријатијата, како и таргетирани даночни олеснувања. Преку координирана акција и пакет мерки ќе се ублажи непосредното негативно влијание од зголемувањето на цените и дополнително ќе се зголеми отпорноста од идните ценовни шокови, посочија од Сојузот на стопански комори на Македонија.

Во оваа насока, како што потенцираат, потребна е интервенција кај акцизите, ДДВ и дополнителните надоместоци кои дополнително ја зголемуваат цената на горивата, а кои претставуваат околу 46 отсто од малопродажната цена се давачки кон државата (согласно композицијаата на цената на горивата објавена ва одлуките на РКЕ). Според Сојузот на стопански комори на Македонија, со тоа ќе се неутрализира негативното влијание што го имаат зголемените цени на горивата врз целокупното поскапување, особено бидејќи предизвикува проблеми со ликвидноста на компаниите и граѓаните и ја намалува општата куповна моќ, негативно влијаејќи и на агрегатната потрошувачка.

Недостигот од електрична енергија може да се намали со системски мерки и поттикнување инвестиции во енергетскиот сектор. Нашата земја има природни ресурси, сончевата енергија кои може да се стави во функција на дополнително обезбедување електрична енергија. За таа цел треба да се олеснат процедурите за добивање на дозволи за соларни панели кои се поставуваат на покривите на индустриските објекти како и за соларни електрани. Проектитe од ваков тип треба да имаат поедноставени постапки, да бидат поддржани со цел компаниите да бидат мотивирани да превземат ваков тип на инвестиции. Во сегашната состојба дестимулативно е што нема сеопфатна директна поддршка за енергетски ефикасни технологии, а често компаниите што инвестираат во обновливи извори на енергија се елиминирани од финансиска поддршка според Законот за финансиска поддршка на инвестициите, бидејќи се принудени да поседуваат лиценци за секоја соларна електрана, а секоја компанија која поседува лиценца не може да користи финансиска поддршка согласно Законот. Во таа насока потребна е измена на Законот за финансиска поддршка на инвестициите со цел да бидат опфатени и инвестициите во обновливи извори на енергија, информираат од Сојузот на стопански комори на Македонија.

Нагласија дека на овој начин недостигот на електрична енергија ќе се намали, ќе се намалат производните трошоци на претпријатијата и ќе креираат дополнителни работни места. Долгорочно треба да се нагласи и големото значење за обезбедување на економски суверенитет на земјата кој вклучува постигнување одржливост од аспект на оптимално производство на храна и енергија, како и од аспект на користењето на природните ресурси, посочија од Сојузот на стопански комори на Македонија.

Би можело да ве интересира

Ангелоски: Очекуваме што е можно побрзо Владата да ги договори условите за унгарскиот кредит

ССК: Кинескиот пазар стратешка цел за извозот на македонската храна и вино

ССК: Со данокот на солидарност опфатени иновативните, успешни компании, а не и банките кои остваруваат огромни профити

Ангелоски: Секое замрзнување на цените има консеквенци, ние преферираме слободен пазар

Ана Ололовска

Потпретседател на ССК проф. д-р Симов: ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот главни сектори за соработка со Бугарија

Ана Ололовска

Сојузот на стопански комори 18 години репрезентативен глас на македонскиот бизнис

Ана Ололовска