Во напад на бомбаш-самоубиец во северниот дел на Авганистан, загинаа најмалку 22 луѓе, а 40 се повредени, соопшти полицијата.
Во нападот загина и влијателиот политичар Ахмад Кан Самангани, кој организираше свадба за неговата ќерка.
Нападот се случи утрово во Ајбаку, главниот град на провинцијата Саманган, кога напаѓачот го активирал експлозивот на влезот од салата каде била свадбата.
Самангани, член на Парламентот беше Узбек, а неговото убиство претставува удар за напорите за обединување на бројните етнички фракции во Авганистан.