Шпанскиот кинематографер Хосе Луис Алкаин е добитник на наградата „Златна камера 300“ за животно дело на годинашниот 34. Интернационален фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.
Организаторите на фестивалот денеска на прес-конференција информираа дека Алкаин, кој зад себе има над 145 филмски наслови, потврдил дека ќе дојде во Битола.
Хосе Луис Алкаин е омилен кинематографер на светски познатиот шпански режисер Педро Алмодовар. Тандемот Алмодовар-Алкаин е еден од најплодите во шпанската и во светската кинематографија воопшто. Заедно ги потпишале насловите „Жени на работ на нервен слом“ (1988, со Кармен Маура и Антонио Бандерас), „Врзи ме“ (1990, со Викторија Абрил), „Лошо образование“ (2004), Враќање (2006, со Пенелопе Круз), „Кожата во која живеам“ (2011), „Многу сум возбуден“ (2013).
Во 1994 година со режисерот Фернандо Труеба го освоија Оскарот за најдобар странски филм, за романтичната комедија Belle epoque. Алкаин во својата долгогодишна кариера ги освоил и наградата Vulcain за најдобар кинематографер на фестивалот во Кан за „Kожата во која живеам“, како и наградата на Европската филмска академија за најдобар европски кинематографер за „Враќање“ на Алмодовар.
Импозантниот опус на Алкаин е потврден и со освоените пет статуетки Гоја, шпанските Oскари.
Годинашното 34. издание на „Браќа Манаки“ ќе се одржи од 14 до 20 септември во Битола и ќе биде отворено