А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

МЗ: Нема присилна вакцинација, истите мерки се имплементираат во регионот и светот

by А1он17/11/2021 - 18:24306
Share0

Министерството за здравство реагира на соопштението на Конфедерацијата на синдикати во кое се тврди дека мерките кои ги предлага Комисијата за заразни болести се „присилна вакцинација“.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Вработените кои ги опфаќаат новите мерки имаат избор да приложуваат и негативен тест еднаш неделно доколку одлучат да не се вакцинираат, а сите оние кои имаат здравствени проблеми заради кои не може да се вакцинираат тоа не се присилени да го направат. Истите мерки кои ги предлагаме се веќе воведени во многу земји во Европа и регионот како на пример во Словенија, Хрватска и Грција каде одамна се на сила. Во услови кога се заканува нов силен Ковид бран, должност на министерството и Комисијата е да предлагаат соодветни мерки кои со сигурност ќе дадат резултати како за намалување на ширењето на вирусот, така и за подигање на процентот на имунизирано население“, велат од Министерството за здравство.

Тие велат дека протести или други форми на изразување на незадоволство против мерките се демократско право, но исто така спротивно на здравствените препораки кои доаѓаат од светските здравствени институции.

„Апелираме на одговорност на сите граѓани и чинители во општеството со цел заеднички да ги надминеме сите предизвици со пандемијата која за жал, се уште коси во светот. Бараме поддршка за мерките кои се во интерес на јавното здравје и заштита на здравствениот систем кој трпи огромен притисок пред се од лица кои не се вакцинирани, а имаат потреба од болничко лекување“, велат од Министерството.

Следете a1on на Youtube YouTube
koronaviurs mkdksomministerstvo za zdravstvo

Би можело да ве интересира

МЗ: Нема регистриран пациент чија состојба се поврзува со загадена вода во Скопје

Горан Наумовски12/08/2026 - 14:5412/08/2026 - 14:56

Лекот Фостер повторно без доплата во аптеките

Катерина Ѓуровски07/08/2026 - 10:27

111 гостиварци побарале лекарска помош во викендот

Катерина Ѓуровски03/08/2026 - 12:2803/08/2026 - 12:30

Министерството за здравство уверува дека детално ќе го испита случајот на младата мајка која не може да оди по царски рез

Катерина Ѓуровски03/08/2026 - 11:37

МЗ: Состојбата во Гостивар е стабилна – нема нови лабораториски потврдени случаи на западно нилска треска.

А1он02/08/2026 - 12:41

Во Гостивар се намалува бројот на нови случаи, Мицкоски најавува наскоро исправна вода за пиење

Катерина Ѓуровски01/08/2026 - 12:46
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео