Ако сака да го смени Асад, Лондон ќе мора да оди во војна, смета британски генерал

Од:

Доколку сака да го стави под контрола сирискиот режим, Велика Британија ќе треба да се реши за војна, со тоа што ќе воведе зона забранета за летови и ќе почне да ги вооружува бунтовниците, оценува началникот на Генералштабот на британските вооружени сили на заминување, генералот Дејвид Ричардс во интервју за „Дејли телеграф“.

– Доколку сакаме да имаме ефективно влијание врз Сирија потребно е да бидат уништени некои копнени цели на сириската територија, нагласува Ричардс, кој денеска ќе се повлече од функцијата.

Генералот смета дека Владата во Лондон треба да се изјасни за своите политички цели во Сирија, пред да може да понуди целосен воен план за справување со режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад.

Британскиот премиер Дејвид Камерон и претседателот на САД Барак Обама минатиот месец дадоа до знаење дека размислуваат за можноста за употреба на сила против режимот во Дамаск, поради тврдењата дека тој користи хемиско оружје против цивили.

Ричардс нагласи дека не постои меѓународен консензус по прашањето како треба да се постапи со Сирија. – Се обидуваме да ги консолидираме опозициските групи, но тие се тешки за обединување, бидејќи имаат различни сфаќања, рече тој.

Британскиот генерал посочи дека воведувањето на зона за забранети летови над Сирија нема да биде доволна, туку ќе треба да бидат уништени копнени цели, како што беше направено во Либија.

Според него, потоа ќе биде потребно да се создаде контролирана зона на земјата, да се онеспособи сириската противвоздушна одбрана, да се спречи маневрирањето на владините сили, односно да се отстранат нивните тенкови и сите други нешта, кои се сметаат за опасни.

– Доколку сакаме да го постигнеме саканиот ефект, ќе биде потребно да ги поразиме копнените цели и да се прибегне кон војна, доколку биде донесена одлука за таков чекор.

Има многу аргументи тоа да биде сторено, но има и многу аргументи да не се презема таков чекор, заклучува британскиот генерал.

Би можело да ве интересира

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години

Турција: Целта е да се постигне договор за поморските граници со Сирија