Истражување: Вакцината Фајзер дава најсилен имунолошки одговор, Русите ги оспоруваат резултатите

Од:

Вакцината на „Фајзер – Бионтек“ дава најсилен имунолошки одговор на телото против Ковид-19 од четирите вакцини тестирани во студија објавена во списанието „Cell Host and Microbe“. Според ова истражување, луѓето вакцинирани со „Синофарм“ може да бидат најподложни на Ковид.

Истражувачите го споредија имунолошкиот одговор на телото кај луѓе вакцинирани со „Фајзер“, „Астразенека“, „Спутник“ и „Синофарм“, а студијата беше спроведена во јули на 196 целосно вакцинирани лица во Монголија, каде што се користат сите четири типа вакцини, што е реткост.

Нивоата на неутрализирачки антитела варираат во голема мера во секоја од четирите групи вакцини.

Релативно ниски концентрации на антитела се развиле со вакцинација со „Синофарм“ и „Спутник“, умерени нивоа на антитела развиле оние кои биле вакцинирани со „Астразенека“, а најмногу оние со „Фајзер“.

Русите го оспорија истражувањето

Причините за разликите во имунолошкиот одговор на организмот по вакцинацијата со споменатите четири вакцини сега се предмет на интензивно истражување на експертите.

Веројатно ќе вклучи фактори како што се количината на активна состојка во секоја доза од вакцината, како и интервалот помеѓу првата и втората доза, напишаа авторите на студијата во која учествуваа научници од Универзитетот Стенфорд, Фондацијата Оно и Националниот центар за заразни болести во Улан Батор. Резултатите од студијата беа објавени во четвртокот.

И варијациите во начинот на кој се давале вакцините играле улога во добиените резултати.

Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ), кој беше вклучен во развојот на руската вакцина и е задолжен за нејзината меѓународна дистрибуција вели дека споредбите на перформансите на вакцината се погрешни бидејќи поминало повеќе време помеѓу администрирањето доза на Спутник В и мерење на антителата отколку со другите вакцини.

РДИФ исто така истакнува дека луѓето кои биле вакцинирани со Спутник биле во просек 10 години постари од оние кои примиле други вакцини.

Би можело да ве интересира

Од почетокот на годината, смртноста од Ковид-19 е намалена за 95 отсто

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски

Папа Франциск: За време на пандемијата и војната во Украина, ОН ги покажаа своите ограничувања

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

Русија разви вакцина против новите варијанти на коронавирусот

Катерина Ѓуровски

Еден од осум луѓе кои страдаат од коронавирус развива најмалку еден симптом на долгорочен ковид

Катерина Ѓуровски