Талибанци утрово егзекутирале осуммина авганистански цивили, кои биле пресретнати додека оделе на работа во американската воена база „Кемп Шарк“ во провинцијата Логар, јужно од Кабул.
Талибанците ги запреле осуммината цивили и им наредиле да излезат од возилото со кое патувале кон базата и ги убиле застрелувајќи ги во главите, изјави локален полициски началник.
Тој истакнал дека телата биле пронајдени со заврзани очи во близина на едно село.
– Тие беа обични сиромашни работници и сите цивили, изјави претставник на локалните власти.