ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов доделил 13 ноемвриска награда на Малески кој смета дека со Бугарите сме еден народ, и на Филипче кому му умреа над 7.000 луѓе

Од:

„Петре Шилегов покрај тоа што ги остави без плата вработените во Град Скопје, ги партизирал и наградите 13 Ноември. Со потписот на Шилегов се доделило награда на Денко Малевски кој изјави дека „Македонците и Бугарите се ист народ”, како и тимот за имунизација на Венко Филипче кому му починаа над 7.000 луѓе од корона“, реагираат ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

„Шилегов доделил и парична награда на Денко и Венко. Наместо награди за достигнувања Шилегов си направил партиска тезга од наградите 13 Ноември.

ВМРО-ДПМНЕ нема да даде легитимитет на партискининструирани награди. На Скопје му треба независна комисија која непрострасно и професионално ќе ги доделува наградите кои имаат важност и тежина“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски