СДСМ: Срамно однесување на Данела Арсовска, не се појави на доделувањето на наградите „13 ноември“

Од:

„Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, вчера не присуствувала на доделувањето на наградите „13 Ноември“. Срамно неодговорно и несериозно е градоначалничката да не присуствува на церемонијата што ја организира Град Скопје, на доделување на една од најпрестижните награди во македонското општество“, соопшти СДСМ.

„Заради политиканство Арсовска не ги испочитува бројните доктори, професори, уметници кои се добитници на овогодишената награда.

Никогаш досега во историјата на Град Скопје не се случило градоначалникот да не присуствува на доделувањето на 13-ноемвриските награди. Постапката на Арсовска е опасен преседан.

Уште во првите денови од мандатот, скопјани сведочат на арогантноста и неодговорноста на Арсовска.

Со вакво однесување, со поделби и незрело однесување, Арсовска не може да биде градоначалничка на сите граѓани на Скопје, таа само покажува дека е иста како ВМРО-ДПМНЕ, дека нејзините лични интереси и се побитни од интересите на Скопје и скопјани.

Арсовска самата потврди дека е кадар на режимот на Никола Груевски“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он