„Опен Балкан ИД“ за слободен пристап до пазарот на трудот и олеснување на трговијата на Западен Балкан

Од:

Делегација на Северна Македонија предводена од заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски учествуваше на дводневниот работен состанок во Ниш, на кој се работеше на подготовка на сите предуслови за ефикасна имплементација на договорите што ја трасираат целта нашиот регион да стане поврзан, заеднички и отворен пазар.

Како што соопшти владината прес-служба, на состанокот се утврдени следните чекори со кои преку иницијативата „Отворен Балкан“ веќе од наредната година ќе се овозможи слободен пристап до пазарот на трудот и поврзување без граници.

– На состанокот беа разгледани првите нацрт решенија за олеснување на увозот, извозот и движењето на стоките на Западен Балкан, како и за слободен пристап до пазарот на трудот со креирање на „Опен Балкан ИД“ („Open Balkan ID“), со што на граѓаните од целиот регион им се отвораат бројни поволности, се наведува во соопштението.

Од владата информираат дека во работните групи на состанокот на експертско ниво учествувале претставници на министерствата за економија, за надворешни работи, за внатрешни работи и за информатичко општество и администрација, како и претставници на Институтот за акредитација, на Царинска управа, на Агенцијата за храна и ветеринарство, на Инспекторатот за земјоделство, на Фитосанитарната управа и на Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

– Од страна на реалниот сектор на состанокот учествуваа и претставници од Стопанската комора на Северна Македонија, кои уште од почетокот се дел од иницијативата „Отворен Балкан“ и кои на поврзувањето во заеднички и отворен пазар на регионот му дадоа целосна поддршка.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Продажбата на македонското вино надвор од границите на државата е зголемена

Османи: На седница на Владата ќе предложам излегување од иницијативата Отворен Балкан

Со еден клик до работни места во Србија и Албанија: Нова можност за македонските граѓани

A1on

Почнува единствениот пазар на труд на Отворен Балкан

Горан Наумовски

Потпишани Протоколите за Слободен пристап до пазарот на труд во земјите од Отворен Балкан

БЕСА бара Владата да се огради од проектот „Отворен Балкан“