Во пресрет на онлајн самитот Бајден-Си, апел на Вашингтон во врска со Тајван

Од:

САД испратија апел до Кина во врска со Тајван, пред онлајн самитот на американскиот претседател Џозеф Бајден и кинескиот претседател Си Џинпинг.

Во разговор со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји, американскиот државен секретар Ентони Блинкен „изрази загриженост поради континуираниот воен, дипломатски и економски притисок на Народна Република Кина врз Тајван“, се вели во соопштение на Стејт департментот.

Бајден и Си утревечер по американско време ќе го одржат долгоочекуваниот онлајн самит.

Средбата ќе се одржи во време кога двете страни се обидуваат да ги намалат тензиите бидејќи односите беа затегнати во првите десет месеци од мандатот на Бајден.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја