(ВИДЕО) Костовски: Димитриевски спроведува класичен реваншизам во општина Куманово

Од:

„Лажниот социјалдемократ Максим Димитриевски уште во првите денови започна со одмазда кон своите политички неистомисленици. Над 20 вработени лица во Општина Куманово овие денови се распределени на пониски позиции или се преместени да работат на други локации“, рече Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.

„Причината за преместувањата и деградирањата е само тоа што овие луѓе се истакнати активисти и членови на СДСМ.

Ова е класичен политички реваншизам и самоволие на градоначалникот Димитриевски, постапка која потсетува на едни режимски времиња.

Со ваквите постапки се покажа недемократското и неодговорно лице на Максим Димитриевски кој решил заради лични каприци, да се пресметува и казнува луѓе кои со години и децении работат во општината.

Јасно ни е дека Димитриевски ќе продолжи со притисоците, но и нему треба да му биде јасно дека со ваквиот однос нема да исплаши никого.

Кумановци и кумановки не попуштаат пред притисоци и закани, а Куманово е бастиниот на СДСМ и социјадемократијата.

На овој начин, Димитриевски не само што не може никого да заплаши, туку тој само си го покажа вистинското лице пред цело Куманово.

На крајот, апелираме до секој еден кој е под притисок на Димитриевски, истото да го пријави, СДСМ ќе стори се за да го заштити секој поединец кој се соочува со закани, со притисоци и уцени од страна на градоначалникот.

Времето на режимски постапки, на самоволие на функционерите заврши“, изјави Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски