Алиоски: Против Исланд по нова фудбалска историја

Од:

Македонската фудбалска репрезентација се врати од Ереван по триумфот над Ерменија од 5-0 и вечерва во Скопје го одржува првиот од двата тренинзи пред неделниот натпревар против Исланд.

Вчерашниот триумф во Ереван во комбинација со ремито без голови во Букурешт меѓу Романија и Исланд, ја искачи македонската репрезентација на второто место во групата Ј и со победа в недела „црвено – жолтите“ ќе изборат историски бараж за пласман на Мундијалот 2022.

– Во животот нема ништо случајно. Овој резултат е плод на нашата работа. Се гледа квалитетот на екипата, на фудбалерите кои играа и на младинско и на сениорско Европско првенство. Јас сум оптимист. Тоа што го покажавме против Ерменија да го направиме и против Исланд. Сакаме повторно да испишеме историја, изјави попладнево репрезентативецот Езѓан Алиоски.

Натпреварот меѓу македонската и исландската репрезентација се игра в недела од 18 часот, а ФФМ соопшти денеска дека за навивачите ќе бидат отворени сите четири трибини на Националната арена „Тодор Проески“.

Би можело да ве интересира

Алиоски: Овде го остваривме сонот за ЕП, утре сакаме нова победа

Канатларовски: Заслуживме бод, момците одиграа многу храбро и со голема пожртвуваност

Ана Ололовска

ВИДЕО: Фудбалерите со „Земјо Македонска“ го прославија пласманот во баражот за СП 2022

Ана Ололовска

Милевски: Фудбалерите ја оправдаа довербата, имаме потенцијал уште да напредуваме

Ана Ололовска

Пендаровски им честиташе на фудбалерите за победата против Исланд

Ана Ололовска

ВИДЕО: Историска победа на фудбалската репрезентација на Македонија

Ана Ололовска