„Паметните“ часовници стануваат поголем хит од смартфоните

Од:

Светскиот пазар на „паметни“ часовници ќе надмине пет милиони испорачани парчиња во 2014 година, покажуваат најновите анализи на компанијата „Каналис“.

Компанијата проценува дека повеќе од 330.000 „паметни“ часовници биле испорачани лани, најмногу на компаниите „Сони“ и „Моторола“, а оваа година таа бројка ќе изнесува 500.000.

Пазарот на „паметните“ часовници, како нови генерации на апарати од компаниите „Епл“, „Гугл“, „Мајкрософт“ и „Самсунг“, десет пати повеќе ќе се зголеми до крајот на 2014 година.

За разлика од претходните апарати, „паметните“ часовници ќе имаат пософистициран софтвер и уште поелегантен хардвер.

Прегледните информации, интеграцијата преку сензорите и поврзувањето на веб-сервисите ќе бидат клучните карактеристики, но овие апарати нема да ги заменат смартфоните, туку ќе бидат нивна дополнителна опрема.

– „Паметните“ часовници ќе бидат најважниот нов производ во категоријата на потрошувачката електроника од кога „ајПадот“ го дефинирал пазарот на таблетите, изјави главниот аналитичар и потпретседател на „Каналис“ Крис Џонс.

Според аналитичарите, ова би можело да го загрози пазарот на традиционалните часовници, бидејќи корисниците ќе увидат дека „паметните“ часовници им даваат нови функционалности на нивните животи, а со тоа се и доволно модерни.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска