Апасиев: Демократијата е парализирана, опозицијата да размисли за радикализација на методите

Од:

Лидерот на „Левица“ Димитар Апасиев вечерва пред Собранието оцени дека ситуацијата е алармантна и дека е парализирана демократијата. Во изјава за медиумите, Апасиев рече според него потребна е политичка радикализација на опозицијата.

– Јас сум на тој став бидејќи очигледно тие ги користат сите полуги на власта за да оневозможат демократска транзиција на власта и мислам дека треба опозицијата да размисли за радикализација на методите. Тоа значи протести, блокади, парализа на Собранието. Само по себе законодавниот дом веќе не постои, веќе знаете – ситуацијата е 60:60. Тие со вакви методи може да стигнат и до 90, изјави Апасиев.

Би можело да ве интересира

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Собранието ќе ги констатира оставките на Бислимовски и на Ристовска и ќе избере нов уставен судија

Исмаил: Наместо за работниците, парите одат во профит

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Левица: Владата на ДПМНЕ го претвора домувањето во извор на профит за странски фондови

Горан Наумовски

Мојсоска: Министре Алиу, болните од хемофилија чекаат на вашата милост да распишете тендер за лек

А1он