(ВИДЕО) Скендер Реџепи: Имаме надеж дека до полноќ може да се направи било што

Од:

Опозиционерите не губат надеж дека до вечер ќе обезбедат мнозинство за да изгласаат недоверба на Владата. Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи, не е зачуден од постапката на пратеникот од БЕСА, Кастриот Реџепи, кој не се појави на денешната седница. Скендер Реџепи рече дека нема контакт со пратеникот од БЕСА од пред четири години и додаде: „Знаев дека тој што еднаш те предаде, ќе те предаде секој пат“.

„Како понатаму, ќе видиме. Еден саат пауза. Ние дојдовме да гласаме за паѓање на Владата и нашиот став останува“, рече Скендер Реџепи и додаде „Ние сме во опозиција и се додека сме опозиција, битката ја водиме како опозиција. Ако во иднина има понуда, ќе ја разгледаат партиските органи. Наша цел до 12 часот е да ја срушиме оваа власт. Имаме надеж до 12 часот дека може да се направи било што“.

Седницата е паузирана, веќе од нејзиниот почеток во 11 часот.

Би можело да ве интересира

Фатон Сељами предложен за нов Народен правобранител

Собранието ја прифати интерпелацијата за државниот обвинител Коцевски

Катерина Ѓуровски

На 29 јули интерпелација за републичкиот јавен обвинител – Љупчо Коцевски

А1он

Пратениците дебатираат за ребалансот на Буџетот за 2025 година

Утре на пленарна седница ќе биде дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2025 година

Собранието ќе одлучува за дополнетиот ребаланс на Буџетот одобрен од Владата