Села пред седницата, уверен дека Владата ќе падне

Од:

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села пред почетокот на денешната собраниска седница на чиј дневен ред е Иницијативата на опозицијата за изгласување недоверба на владиниот Кабинет, изрази оптимизам дека „ќе падне Владата“.

– Граѓаните ќе бидат послободни од притисоците на оваа антидемократска и антиграѓанска власт, изјави Села.

Во Собранието се уште не почна седницата на која треба да се гласа за недоверба на Владата на премиерот Зоран Заев, поради побараната пауза од еден час од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Претходно, пауза даде и претседателот на Собранието, Талат Џафери зошто како што рече не сака да биде 61-от пратеник кој ќе овозможи мнозинство зошто не ја подржува иницијативата.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски