Вооружени лица денеска во провинцијата Херат го убија авганистанскиот обвинител Ахмад Вали Тахири, кој е близок до претседателот Хамид Карзаи.
Нападот се случил додека тој патувал кон работното место во општината Карух. Тахири е брат на Рангин Дафдар Спанта, кој е советник на претседателот за национална безбедност.
Засега ниту една бунтовничка група нема преземено одговорност за убиството на обвинителот. Талибанците многупати досега соопштиле дека цел на нивните напади не се сите оние кои работат за Владата.
Претходно, во источната авганистанска провинција Пактија при две експлозии биле повредени 12 лица. Други две експлозии избувнаа во главниот град Кабул, но засега не е познато дали има жртви.