Намален водостојот на Преспанското Езеро

Од:

За еден сантиметар е намален водостојот на Преспанското Езеро,а нивоата на останатите две природни езера во земјава се исти како вчера.

Со тоа, според последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи, водостојот на Преспанското Езеро е за 1,59 метри понизок од повеќегодишниот просек за ноември и е девет сантиметри под апсолутниот минимум 842,25 (мнм). Пониско од просечното е и нивото на Охридското Езеро и тоа за 14 сантиметри со што е два сантиметра над дозволениот минимум 693,10 (мнм). Водостојот, пак, на Дојранското Езеро е за 2,67 метри повисок од просечниот.

Водостоите на реките во земјава се најчесто во рамките на просекот и бележат благо зголемување или намалување во споредба со вчера.

Би можело да ве интересира

НАСА: Преспанското Езеро од 1984 до 2020 загуби седум отсто од површината

Горан Наумовски

ВИДЕО: Преспа – жедното езеро

Предраг Петровиќ

Преспанското Eзеро е пред умирање додекa СДС И ДУИ тонат во матни бизнис зделки

Зголемено нивото на реките, езерата во рамки на просекот за јуни

Тело на битолчанец е пронајдено во водите на Преспанското Езеро

Горан Наумовски

Зголемен водостојот на Преспанското Езеро

Ана Ололовска