Чешката влада денеска се согласи да поднесе оставка, изјави премиерот Андреј Бабиш, ветувајќи дека неговата влада во заминување ќе продолжи со напорите за скротување на пандемијата на ковид-19. Бабиш рече дека понудата за оставка ја испратил во писмо до претседателот Милош Земан, кој е хоспитализиран од 10 октомври, наместо лично да ја достави како што е вообичаена практика.
Кога Земан ќе ја прифати оставката, тој треба да ја задолжи владата во заминување да ги извршува своите должности до именување на новата влада, што се очекува да се случи во наредните недели. Земјата од 10,7 милиони претходно пријави 13.502 нови случаи на ковид-19, додека хоспитализациите пораснаа на 3.452. Бабиш и неговите сојузници ги загубија изборите на 8-9 октомври од два блока опозициски партии кои веќе се согласија да ја формираат следната влада, со Петар Фиала, лидеот на најсилната партија во петчлената коалиција, како потенцијален премиер.