Враќањето на Американците на Месечината е одложено

Од:

Враќањето на човекот на Месечината во рамки на американската програма „Артемис“ е поместено од 2024 година – „најрано во 2025 година“, изјави вчера директорот на НАСА, Бил Нелсон. Американската Национална воздушно-вселенска администрација чекаше решавање на правниот спор околу развојот на системот за слетување на Месечината, за да објави нова временска рамка.

– Изгубивме седум месеци поради спорот и, најмногу затоа, го одложивме првото слетување на луѓе – најрано до 2025 година… Но, и поради други причини, изјави Нелсон.

Крајниот рок за 2024 година беше поставен од администрацијата на Доналд Трамп, но тој беше „технички неостварлив“, посочи Нелсон. Тој, исто така, критикуваше и за малкуте парични средства што Конгресот ги одвои последниве години за развој на систем за слетување на Месечината.

Нелсон го навести и „сега можниот датум на поаѓање“ на мисијата „Артемис 2“, којашто е прва во програмата, но тоа нема да биде „мај 2024 година“, како што беше првично најавено.

– Оваа втора мисија, ќе оди најдалеку колку што човекот некогаш отишол – до 65.000 километри зад Месечината, а потоа ќе се врати на Земјата, рече Бил Нелсон.

„Артемида 1“, првата пробна мисија на Месечината без астронаути, е најавена за февруари 2022 година, според планираното.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ