Филипче: Бројот на заразени од Ковид-19 расте, но овој бран нема да биде силен

Од:

Инциденцата во последниве две недели е зголемена за 28,5 проценти, а бројот на лица што се хоспитализирани поради Ковид-19 е зголемен за 15 проценти, изјави министерот за здравство Венко Филипче, соопштувајќи ги последните статистики за коронавирусот во земјава во последниве две недели.

„Ваквиот раст може да се каже дека е очекуван, и ако споредиме со претходните бранови, процентот на хоспитализирани лица е намален, најверојатно поради фактот што има поголем број млади лица кои се заболени, а има и лица кои се вакцинирани а заразени“, рече Филипче.

Во моментов поради Ковид-19 се хоспитализирани 518 пациенти, што е 6,4 отсто од активните случаи. Во следната недела ќе се прави секвенционирање за да се види со кој сој се заразени активните случаи.

„Во делот на вакцинацијата има стагнација, па оттаму апелирам што повеќе луѓе да се вакцинираат“, рече Филипче.

Кај малолетната популација, вели Филипче, има 1068 активни случаи со Ковид-19. Од скринингот во училиштата пак, од 5000 тестирани ученици само 15 биле позитивни. Две деца, изјави Филипче, се на кислородна поддршка во болницата „Козле“, а хоспитализирано е и двомесечно бебе, но нивната здравствена состојба е стабилна.

„Сега сме во фаза каде гледаме и во други земји дека има покачување на бројот на случаи, но вакцинираните лица имаат полесна клиничка слика и тоа веројатно тоа така ќе биде генерално. Постепено се вратија животните навики и во случајов најважно е да не се прекршуваат протоколите и што повеќе луѓе да се вакцинираат“, изјави Филипче.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите

По прес-конференцијата на Филипче: „Во паника е дека се одмотува клопчето, сите се криминалци, само тој е чесен“

Филипче: Ја погребаа партијата, нека ми се тргнат од патот, нека не ми држат лекции

Мицевски: Филипче губи контрола, со навреда кон премиерот, го нарече идиот

ВИДЕО: Па може ли таков идиот да е човекот комплетен, да нè изолира целосно, Филипче за Мицкоски