Лустриран писателот Божин Павловски

Од:

Писателот Божин Павловски е официјално прогласен дека бил соработник на тајните служби. За негова лустрација гласаа осум членови, а против гласал само Чедомир Дамјановски. Oдлуката за Павловски ќе биде објавена на официјалната интернет страница на Комисијата за верификација на факти.

Пред два дена, писателот Павловски преку отворено писмо до јавноста упати остри критики за процесот на лустрација. Воедно, тој ја информираше јавноста дека ќе ги напушти МАНУ и Друштвото на писатели на Македонија.

Писмото беше упатено  до премиерот Груевски и во него пистаелот порача: „Повлекувајќи се од институциите што ги контролира актуелниот режим, со целосна лична смиреност Ве известувам дека во својата втора татковина на најубав начин ќе продолжам да си ја промовирам својата прва татковина. Збогум со здравје, Ваши екселенции. Одвреме – навреме веројатно ќе се среќаваме на македонските улици и распаќа, затоа што ќе продолжам да си ја посетувам својата сакана Македонија. Ве молам да се поздравуваме со насмевка. Господ нека Ви го просветли умот.“

Би можело да ве интересира

Несими: Мојата лустрација имаше политичка позадина

Ана Ололовска

Поништувањето на лустрацијата влезе во собраниска процедура и ги раскара пратениците

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џафери: Не го видов законот, но немам проблем со укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска

(ВИДЕО) Кирацовски: Нема да ме изненадат илјадници амандмани за лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска

Калеска-Ванчева: Најавата за блокада на поништувањето на лустрацијата доказ дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е променето

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ заглавија на укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска