Средба на премиерот Груевски и словенечкиот претседател Пахор

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски денеска имаше средба и работен ручек со претседателот на Република Словенија Борут Пахор.

Претходно, премиерот Груевски и словенечкиот претседател Пахор прошетаа во централното градско подрачје на Скопје и Старата скопска чаршија.

На средбата, соопшти Секторот за односи со јавност при Владата, се констатирани одличните односи кои постојат помеѓу двете земји, а кои бележат континуиран развој и се карактеризираат со пријателство и остварување на дијалог на највисоко ниво. Изразена е заедничка заложба за дополнително унапредување на економската соработка, зголемување на трговската размена и соработката на полето на инвестициите.

Акцентирани се и значајноста и поддршката на реализацијата на стратешките определби на Република Македонија за полноправно членство во Европската Унија и во НАТО.

Груевски и Пахор размениле мислења и за повеќе други теми кои се од интерес на билатералната и мултилатералната соработка на двете земји.

Би можело да ве интересира

Словенија ја засилува безбедноста на улиците, ја распоредува војската да и помогне на полицијата

Горан Наумовски

Тага и гнев во Словенија по бруталното убиство, двајца министри поднесоа оставки

Предраг Петровиќ

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Францускиот премиер поднесе оставка

Еден од хрватските планинари во Словенија е пронајден мртов, потрагата е прекината

Катерина Ѓуровски

Лавина во Словенија, се трага по тројца хрватски планинари

Катерина Ѓуровски