Претседателот на Собранието Вељаноски имаше средба со словенечкиот претседател Пахор

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски денеска имаше средба со претседателот на Република Словенија, Борут Пахор.

Актуелната политичка состојба во Македонија, одржаните локални избори и нормализираната состојба по настаните кон крајот на минатата година, биле темите со кои Вељаноски го запознал Пахор, соопшти Кабинетот на претседателот на Собранието.

На средбата Вељаноски говорел и за посветеноста во спроведувањето на реформите на патот на евро-атлантското интегрирање на Република Македонија, како и со подготвеноста да се направи уште повеќе, да се имплементираат уште реформи во насока на подобрување на животот на граѓаните.

Претседателот Пахор на Вељаноски му пренел поздрави од претседателот на Парламентот на Словенија Јанко Вебер и изразил убедување дека средбите придонесуваат кон зајакнување на севкупите односи меѓу двете пријателски држави.

Двајцата соговорници размениле мислење и за добивањето датум за отпочнување на преговорите на Република Македонија со Европската унија, за можноста и потребата навреме да се усогласи националното законодавство со европското, како и за спорот со името со јужниот сосед како пречка Република Македонија да ги отпочне преговорите за членство во ЕУ.

Во тој контекст, соопшти Кабинетот, претседателот Вељаноски истакнал дека пријателите можеш да ги бираш, но соседите се тие кои се и дека ако Република Словенија и беше сосед на Република Македонија спор немаше да постои, а доколку постоеше сигурно ќе се решеше и Македонија ќе беше член на Европската унија.

Претседателот Пахор изразил подготвеност Република Словенија да направи се што е во нејзина можност за олеснување на интегрирањето на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Пратенички прашања во законодавниот дом

(ВИДЕО) Пратениците од опозицијата ја пробија оградата пред Парламентот на Србија

Горан Наумовски

Петти ден амандманска расправа по Предлог буџетот за 2026 година

На 50 годишна возраст почина првата мис Словенија

А1он

Почнува комисиската амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година

Немаме пари за истраги и вештачења, состојбата е алармантна, вели државниот обвинител Коцевски