Хов седна на клупата на Њукасл

Од:

Еди Хов официјално е наследникот на Стив Брус на клупата на премиерлигашот Њукасл, соопшти попладнево клубот, прецизирајќи дека 43-годипниот стратег потпишал договор до лето 2024 година.

Хов беше без ангажман од август минатата година кога замина од Бурнмаут, откако клубот испадна од Премиерлигата.

Во Њукасл сега Хов ќе има тројца фудбалери, кои ги тренираше во Бурнмаут – Калум Вилсон, Рајан Фрејзер и Мат Ричи.

– Ми претставува голема чест што сум назначен за главен тренер на клуб со таква репутација и историја каква што има Њукасл. Ова е одлична шанса, но пред нас има многу работа, изјави Хов за клупскиот сајт.

Њукасл е претпоследен во Премиерлигата со само пет бодпови и ниту една победа во првите 11 кола.

Би можело да ве интересира

Сити извлече само бод против Њукасл

Фудбалерите на Њукасл го победија Тотенхем во третото коло од Премиер лигата

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Тoнали е под истрага за обложување, на фудбалерот на Њукасл му е дозволено да тренира со тимот

ВИДЕО: Капитенот на Њукасл се испотепа со осуммина, летаа шишиња и боксови

Предраг Петровиќ