Османи: Успешен старт на проектот за мобилно издавање патни исправи за дијаспората во Словенија

Од:

Почнаа со работа базните и мобилните станици за изработка и достава на патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија, кои што живеат и работат во странство, објави денеска на Фејсбук министерот за надворешни работи Бујар Османи.

– Со новата опрема во нашите дипломатски и конзуларни претставништва, постапката за подигнување на патни исправи е олеснета и скратена, за што сведочат и нашите државјани во Словенија и амбасадорката, Сузана Зеленковска, додава Османи.

Тој во објавата потсетува дека МНР во август оваа година ги промовираше деветте базни станици и четирите мобилни станици, кои се поставени во земјите каде што повеќе е концентрирана нашата дијаспора.

– Подобрувањето на услугите за дијаспората е еден од клучните приоритети за мене, како министер за надворешни работи, за чија реализација со мојот тим вложуваме максимални напори, наведува Османи во објавата на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Oсудa за опожарувањето на возилата во сопственост на Амбасадата на Бугарија

МНР на бугарскиот амбасадор Радуков му упати усен демарш поради употреба на терминот „северно-македонски“

Горан Наумовски

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток