• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Блажески: Дали проектите во Охрид ги кочи централната власт?

by А1он17/07/2013 - 12:5017/07/2013 - 16:22138
Share0

На вчерашната седница во Советот на Општина Охрид која беше посветена на советнички прашања советникот Дејан Блажески праша кој за време на кампањата од двата табора ја зборувал вистината и дали сегашното доцнење на проектите е резултат на проблеми со централната власт?

Добивај вести на вибер

Поставувајќи го второто советничко прашање Блажески од ЛДП запараша до каде се проектите кои беа носечки на ДПМЕ во оваа локална кампања односно градскиот пазар и Автобуската станица, на што Бакрачески побара од одговорниот за тие проблеми да одговори на прашањето.

Во своето излагање одговорниот за тој ресор Рафтоски, истакна дека проектите се работат, но дека постојат проблеми со Катастарот и некои ресорни министрства во поглед на комплетирање на дозволите и документацијата и дека истото за брзо време ќе се надмине.

Блажески со дополнително прашање до Бакрачески кое гласеше: Дали овие проблеми за кои зборувате се оние проблеми со кои се соочуваше и поранешниот градоначалник и дали ова е признание дека Сојузот за Иднината ја зборувал вистината кога се зборуваше за кочење на проектите од страна на централната власт?

На ова градоначалникот одговори дека напротив не станува збор за кочење туку ова е доказ дека ништо и тогаш не било тенденциозно.

„Станува збор за проблеми со усогласување на новите авионски снимки од 2010 година кои ги вршеше Катастарот на Р. Македонија“, рече Градоначалникот Бакрачески.

Сепак се уште остана не јасно до крај кој е виновен за доцнењето на овие проекти.

ohrid

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 09:2512/01/2026 - 15:02

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски09/01/2026 - 09:3309/01/2026 - 12:33

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Горан Наумовски08/01/2026 - 09:56

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Катерина Ѓуровски30/12/2025 - 08:09

Земјотрес во Охрид

Предраг Петровиќ27/12/2025 - 09:53

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум

Горан Наумовски14/12/2025 - 11:24
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен