Втора сесија на „Филмска училница“ во Кинотека: Филмот како наставно средство

Од:

Во Кинотека се одржа втората сесија од втората сезона на проектот „Филмска училница“. Едукативниот проект е поддржан од Министерството за култура, а вклучува десетина средношколци кои низ различни едукативни содржини и интерактивно-креативно учење во период од десет недели се запознаваат со националното аудио-визуелно културно наследство.

Како што соопшти Кинотека, учесниците под менторство на филмската и ТВ режисерка Марија Џиџева имаат можност да гледаат филмови од архивот на Кинотека, да анализираат филмски дела и да ги запознаат основите на филмската историја и на филмскиот јазик. Низ сесиите на „Филмска училница“ имаат можност да креираат кратки филмски етиди, кои потоа заеднички ги анализираат.

Во рамки на „Филмската училница“ годинава беше инициран и нов проект „Филмска училница за наставници и професори“. Првиот дел од втората сесија им беше посветен на дваесеттина учесници, наставници од основните училишта во Скопје.

„Филмска училница за наставници и професори“ ја водеше проф. д-р Розалина Попова Коскарова, професорка од Педагошки факултет и авторка на научниот труд „Застапеноста и значењето на филмот во образованието“. Нејзиното истражување ја иницираше идејата за „Филмска училница за наставници и професори“.

Професорката Попова Коскарова презентираше дел од нејзиното истражување за филмот во образованието, a на учесниците во работилницата „Значење и примена на филмот во наставата“, во рамки на оваа унукатна филмска училница им додели сертификати.

Професорката Попова Коскаров потсети дека филмот како медиум е застапен во наставните програми уште од шеесеттите години на минатиот век. Таа говореше за користењето на филмовите и филмските материјали како наставно средство во изучувањето на литературата и историјата, меѓу останатите предмети, охрабрувајќи ги наставниците да ги користат екранизираните форми на литературните дела и историските настани во едукативните процеси.

Вториот дел од оваа сесија на „Филмска училница“ продолжи со прикажувањето и анализирањето на домашните задачи на учесниците од минатата сесија: тие снимаа видео материјал во еден кадар, со мобилен телефон, и во него опсервираат некој предмет или дејствие кои им го привлекле вниманието. Учесниците потоа гледаа и анализираа три македонски краткометражни документарни филмови од шеесеттите години на минатиот век.

Во реализацијата на „Филмската училиница“ учествуваат и Владимир Ангелов, Александра Младеновиќ, Бојан Станишиќ, Александар Трајковски, Дамјана Ивановска, Стојан Синадинов, Игор Старделов, Петар Волнаровски, Тихомир Кашмицоски, Игор Богоевски.

Би можело да ве интересира

Кинотеката ќе прикаже три филма со Марлон Брандо по повод еден век од неговото раѓање

Кинотека во рамки на проектот Сезона на филмски класици ќе го реставрира Мис Стон

Предраг Петровиќ

„Мојот последен здив“ – промоција на автобиографијата на Луис Буњуел во Кинотека

Ана Ололовска

„Кино за млади“ во Кинотеката

Недела на италијанската кенематографија во Кинотека

Ана Ололовска

Анимирани и филмови за тинејџери во Кинотеката

Ана Ололовска